Турција нема пристап до базата на податоци на Интерпол

Интерпол ја отстрани Турција од својата база на податоци, откако Анкара објави листа со имиња на 60.000 осомничени припадници на движењето на проповендикот Фетулах Ѓулен по кои трага, објави „Хуриет дејли њуз“.
Весникот наведува дека одлуката за стопирање на пристапот на Турција до базата на податоци за лицата по кои се трага, е донесена по неуспешниот обид за воен удар во јули 2016 година.
Тоа се случи, речиси пред една година откако Турција ја објави листата со имињата на лицата кои пребегнаа во странство и се осомничени за членство во организацијата на Ѓулен, која според Анкара е организатор на пучот.
- Со одлуката на Интерпол се блокираат броевите на пасошите на осомничените ѓуленисти. Така осомничените за воениот удар можат да ги користат истите пасоши, наведува „Хуриет дејли њуз“.
Ново на Сител
-

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје
-

МВР: Вкупно 115 санкции за непрописно престигнување на територија на цела држава
-

АХВ: Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење
-

Камп Фест викендов во Преспа
-

Одбележани 25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Скокнал од чамец по веслата кои му паднале, скопјанец се удави во Преспанското Езеро
-

Судење за „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека
-

ЦУК: Девет пожари на отворено, пет се активни
