Балкан
8. јуни 2016 - 17:03

Турција очекува наскоро позитивен резултат од преговорите со ЕУ за визна либерализација

Турција очекува позитивни резултати во мошне блиска иднина во преговорите со Европската унија за укинување на визите за турските граѓани, изјави денеска портпаролот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Ибрахим Калин.

Кален на прес-конференцијата во Анкара посочи дека сојузниците од ЕУ не треба да поставува барања за мерки, кои ги ограничуваат можностите на Турција за борбата против тероризмот.

Спогодбата за визната либерализација за турските државјани при патувањето во Шенген зоната во замена за пресекување на приливот на мигранти кон Европа е попречена од несогласувањата во врска со антитерористичките закони на Турција.

Ново на Сител