-->
-->
Турција одбележува 79 години од смртта на Ататурк
-->
На 10 ноември, турскиот народ ја одбележува годишнината од смртта на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Република Турција. Иако денот на сеќавањето на Ататурк не е државен празник, се одбележува со минута молчење.
Мустафа Кемал е роден во 1881 година. Презимето Ататурк му беше доделено во 1934 година, тоа значи "Отец на Турците". Ататурк беше лидер на Турското национално движење во турската војна за независност. Тој ја основа Република Турција во 1923 година и стана прв претседател. Обемните реформи на Ататурк помогнаа да се претвори Турција во модерна и секуларна држава.
Мустафа Кемал Ататурк почина во 09:05 на 10 ноември 1938 година. Секоја година цела Турција одбележува момент на тишина на 10 ноември, во чест на сеќавање на Ататурк. Во 09:05, сирени се слушаат низ целата земја. Секој застанува и молчи за една минута, сеќавајќи се на Ататурк и неговите достигнувања. Голем број луѓе положуваат цвеќе и венци на спомениците на Ататурк.
- Со почит се сеќаваме на 79-та годишнина од смртта на основачот на Републиката, Гази Мустафа Кемал. Тој беше голем војсководец и лидер кој заслужува секаква почит. Револуционерната борба со која успешно управуваше, безбројните победи кои што ги извојува заедно со народот ги сплоти во заеднички идеал, Републиката, се наведува во пораката на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган по повод 10 ноември.
Ердоган додаде дека турскиот народ се сплотува под заедничко начело „Еден народ, едно знаме, една татковина, една држава”.
- За одбрана и заштитата на независноста на Републиката, која што ја формираше Гази Мустафа Кемал и ја предаде во аманет на младите, согласно начелото со цел постојано да ја развиваме и да ги постигнеме предвидените цели во 2023 година, се сплотуваме околу заедничкото начело „Еден народ, едно знаме, една татковина, една држава“. Ќе продолжиме активно да работиме на стабилноста, на зајакнување на братството, единството и интегритетот на државата, зголемување на нивото на економскиот просперитет и демократските стандарди, посочи Ердоган.
Денот на Ататурк не е единствената прослава посветена на овој истакнат лидер. Главната прослава посветена на Мустафа Кемал Ататурк се одржува на 19 мај, како национален празник познат како Денот на младите и спортот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
-

Американски милијардер донирал 99.999 долари за човекот кој спаси Евреи при нападот на плажата во Сиднеј
-

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција, се што стигнува во Трезорот како налози, се исплаќа навремено
-

Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на осомничениот Љупчо Пецов
-

Ѓорѓиевски се сретна со израелската амбасадорка Вивиан Аисен
-

Македонските кикбоксери со 110 медали на „Балкан Бест Фајтер“ на врвот како најуспешни
-

Сончево до крајот на седмицата, утринска магла по котлините
-

Кривична за тројца бугарски државјани кои биле затекнати со делови од македонски народни носии
