Турција осуди за тероризам 111 курдски опозиционери

Стотина лица беа осудени вчера од турски суд на затворски казни меѓу една и 21 година, во случајот против курдски опозиционери, обвинети за припадност кон политичко крило на Курдската работничка партија.
Судскиот процес, кој почна во 2009 година е воден против Унијата на курдските заедници, нелегална организација, која се смета за политичко крило на ПКК.
Судот во Дијарбекир осуди вчера 111 лица за припадност кон терористичка организација, раководење на терористичко здружение и нарушување на правилата за учество во протести.
Четириесет и тројца од обвинетите, беа прогласени за невини.
На 21 година затвор беше осуден Камуран Јусек, копретседател на прокурдската Партија за мир и демократија. На една година и три месеци е осуден поранешниот градоначалник на градот Марди, Ахмет Турк.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
-

Стартуваа камерите Безбеден град
-

Алиу - реновираните сали на хируршките клиники ќе проработат на почетокот на јули
