Турција: Приведени 28 осомничени за смртоносниот пожар во ски-центарот Карталкаја
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска соопшти дека се уапсени 28 лица во врска со пожарот во хотелот „Гранд Картал“ во ски-центарот Карталкаја, пренесе ТРТ-Хабер.
Меѓу уапсените се и сопственикот на хотелот и 18 други лица, кои се задржани во притвор.
Говорејќи пред пратениците на неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АКП), Ердоган вети дека сите одговорни за трагедијата ќе бидат изнесени пред суд.
– Никој нема да избега од одговорност, нагласи турскиот претседател. Според првичните истраги, системот за детекција на пожар не функционирал, а во областа немало итни тимови за брза реакција.
Исто така, бројот на противпожарни апарати бил недоволен, а излезите за евакуација не ги исполнувале безбедносните стандарди.
Во пожарот на 21 јануари загинаа 78 лица, меѓу кои 36 деца, а повредени се 51 гостин. Во моментот на несреќата, во хотелот имало 238 гости.
Ново на Сител
-
Печатено издание на „Плејбој“ - прво по пет години
-
Почна дводневниот бојкот на супермаркетите во Црна Гора
-
Марсело ја заврши кариерата
-
ИОК со реакција за забраната на Трамп за трансродови лица во спортот
-
Средба на Управниот одбор на ЗЕЛС со министерката за финансии
-
Македонските кошаркарки убедливо поразени во Белград
-
Приведен 50-годишен маж од Тетово поради кражба
-
Обвинение за четири лица за изведбата на фасадата на Владата