Турците најчести странски туристи во април

Турските граѓани биле најчести туристи во Македонија во април годинава. Според податоците на Државниот завод за статистика, во април земјава ја посетиле вкупно 39.334 странски туристи, од кои од Турција се 10.313, по нив следат Србите со 3.328 и Бугарите со 3.114.
Вкупниот број на туристите во април 2016 година изнесува 57.462, а бројот на ноќевањата изнесува 118.111. Најчесто посетувани се Скопје и езерските места.
Бројот на туристите во април 2016 година, во однос на април 2015, е зголемен за 9,9 отсто, а бројот на ноќевањата за 13,9 отсто.
Бројот на домашните туристи во април 2016 година изнесува 18.128 и во однос на април 2015 година, е зголемен за 16,6 отсто, а на странските туристи е зголемен за 7 отсто.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во април 2016 година, во однос на април 2015 година, е зголемен за 23,8 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 7,9 отсто.
Во периодот јануари-април 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 14,4 отсто и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 17,9 отсто, а кај странските за 12,5 отсто.
Во периодот јануари-април 2016 година, во однос на тој период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 18,6 отсто и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 27,7 отсто, а кај странските има зголемување за 12,6 отсто.
Ново на Сител
-

Путин 4,5 часа одговараше на политички, но и на лични прашања
-

Милановиќ: Хрватска треба да го гледа својот интерес и да не се пука во Коалицијата на подготвените
-

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј
-

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори
-

Првообвинетиот за убиството на турскиот државјанин во Штип призна вина
-

За Бериша Парламентот не постои и најави штрајкови со глад
-

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
-

Мицоски: Не сум човек што сака цензурирање или закани, за мене Македонија е свето име
