Балкан
29. May 2018 - 10:08

Турската крајбрежна стража притвори 115 илегални имигранти

Турската крајбрежна стража при две одделни операции во Егејското Море приведе вкупно 115 илегални мигранти кои се обидувале да стигнат до грчки острови, објави весникот „Милиет".

При едната операција, тимови на крајбрежната стража, близу  Сеферихисар, во округот Измир, пронашле гумен чамец во кој имало 48 илегални мигранти, вклучувајќи 17 деца.

При втората операција, спроведена крај Дидим, округ Ајдин, биле фатени 67 илегални мигранти, вклучувајќи 30 деца.

Нелегалните имигранти приведени во двете операции се сириски и ирачки граѓани.