Турската полиција приведе едно лице во врска со нападот во Истанбул
Турската полиција приведен еден маж под сомнеж дека е поврзан со денешниот самоубиствен бомбашки напад во Истанбул, при кој загинаа пет лица, а 36 други се повредени, јави телевизијата НТВ, повикувајќи се на полициски извори.
Телевизијата во својот извештај не го посочи идентитетот на упасениот, бидејќи во Турција во сила е одредба која им забранува на медиумите да објавуваат детали од истрагите за терористички напади.
Досега никој не презеде одговорност за нападот што се случи во 10:58 часот по локално време (9:58 часот по средоневропско време) пред влезот на еден трговски центар на улицата Истиклал, во близина на централниот истанбулски плоштад Таксим, која е позната по големиот број продавници, меѓу кои има и бутици на познати домашни и странски брендови.
Сепак според безбедносни извори, начинот на кој е изведем нападот укажува дека зад него стои или џихадистичката група Исламска држава )ИД) или Курдската работничка партија (ПКК).
Анонимен висок претставник на турските безбедносни служби претходно соопшти дека првичните резултати од истрагата укажуваат дека нападот е извршен од страна на ПКК или група поврзана со неа.
Тој посочи и дека нападот најверојтно требало да се случи на друга локација, но бомбашот-самоубиец пред време го активирал експлозивот што го носел на себе, кога бил пресретант од полицајци.
Турските власти неодамна изразија стравување дека со наближувањето на курдската Нова година, која се прославува на 21 март, постои опасност за зголем број терористички напади.
Ново на Сител
-
Обвинетите за убиството на Вања еден час ја чекале да излезе од зградата за да ја грабнат
-
Владата сака независно тело да пресметува официјална потрошувачка кошница
-
Инспекторите на терен, деновиве ќе следат првите казни
-
Љутков: Во новиот буџет ставаме акцент на националните културни установи
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот совет будно ја следи состојбата по реакциите на јавноста за смртта на Фросина
-
Синдикатите, газдите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Министерството за култура ќе поддржи 1365 проекти од национален интерес