Балкан
25. October 2017 - 16:05

Турската полиција уапси 58 странци осомничени за поврзаност со Исламска држава

Турската полиција спроведе рација против осомничени поддржувачи на Иламска држава во Истанбул, при што уапси 62 лица, од кои 58 странци.

Локалните медиуми јавија дека националноста на уапсените не е соопштена и оти тие најверојатно ќе бидат депортирани.

Во рациите, спроведени на 17 места во Истанбул, полицијата одзела документи и дигитални материјали.

Екстремистичката група Исламска држава е обвинета за повеќе напади извршени во Турција во 2015 и 2016 година, во кои беа убиени стотици луѓе.