Турски бизнисмени се подготвени да учествуваат во обновата на Појасот Газа

Турските претприемачи изразија подготвеност да учествуваат во обновата на инфраструктурата на Појасот Газа, разурната по израелската воена операција, што ќе чини пет милијарди долари, објави турскиот весник „Хуриет“.
- Како претставници на турската бизнис заедница ние можеме да го исполниме тоа. Турските градежници граделе згради во Авганистан, во Либија, секаде. Тие се на второ место во светот, изјави претседателот на Сојузот на турските трговско-индустриски комори и берзи Рифат Хисарџклоглу.
Според пресметки за обнова на објектите во Појасот Газа ќе бидат потребни 7,8 милијарди долари. На донаторската конференција во Каиро на 12 октомври 2014 година повеќе од 50 зермји и меѓународни организации ветија дека ќе донираат 5,4 милијарди долари, но тие средства се уште не се стигнати до корисниците поради блокадата од Израел.
Хисарџклоглу наведе дека претставници на турските фирми веќе имале разговори со претставниците на движењето Хамас и со премиерот Рами Хамдала, како и со претставници на израелските власти.
Ново на Сител
-

„Страв и надеж“ на МНТ победник на 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“
-

Одржлив транспорт во Скопје и возење со автобус по рутата на БРТ и градскиот воз
-

Не запира уништувањето на рибниот фонд
-

Жетвата на пченицата започна, откупната цена непозната
-

Од еко сапуни до соларни прочистувачи, средношколците нудат реални решенија за климатските промени
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
