Балкан
1. September 2017 - 12:33

Турски разузнавачи бараат азил во Германија

Високопозиционирани турски полициски службеници и вработени во разузнавањето побарале азил во Германија, пишува весникот „Велт“ во своето електронско издание.

Турски службеник задолжен за координација меѓу Федералната полициска служба и полициските структури во Турција, поднел молба за азил во провинцијата Хесен, пишува „Велт“ и додава дека заради заштита на личните податоци нема да дава детални информации за тие молби.

Турската разузнавачка агенција (МИТ) со указ на претседателот Реџеп Тајип Ердоган од минатата седмица премина под ингеренции на претседателството.