Балкан
16. July 2016 - 13:02

Турски воен хеликоптер слета во Грција, екипажот бара политички азил

Турски воен хеликоптер слета во Александруполисм северна Грција, а членовите на екишажот побара политички азил, соопшти грчкото Министерство за надворешни работи.

Во хеликоптерот имало осум лица, кои веднаш по слетувањето се уапсени и побарале политички азил.

Грчките медиуми објавија дека приведените се вмешани во обидот за воен удар во Турција.