Турски воени авиони го нарушиле грчкиот воздушен простор

Турски воен авион денеска влегол во грчкиот воздушен простор, по што бил идентификуван и пресретнат во согласност со меѓународното право, соопштија грчките власти.
Според извештаите, авионот влегол во грчкиот воздушен простор два пати, прво во три часот и 38 минути, а потоа два часа подоцна и летал над малиот остров Панагија.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, инцидентот се случува по вчерашната „блиска средба“ меѓу два турски борбени авиони и два грчки авиони, што беше прв таков инцидент од неуспешниот воен удар во Турција на 15 јули.
Два турски авиони Ф-16 вчера го нарушија грчкиот воздушен простор југоисточно од Родос, по што биле пресретнати од страна на два грчки борбени авиони кои биле испратени од базата во заливот Суда, соопштија официјални претставници на Министерството за одбрана.
Други два турски авиони потоа влегле во грчкиот воздушен простор и предизвикале инцидент со грчките авиони. Грчката страна соопшти дека турските авиони биле вооружени.
Ново на Сител
-

Стабилна е состојбата на повредениот во синоќешната сообраќајка кај Белви
-

ДИК едногласно усвои шест одлуки на првата седница
-

Владата одлучи: Контрола на сите плантажи за канабис
-

СДСМ: 11 дена молк за марихуаната
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев ја претворија Македонија во нарко картел
-

Девизните резерви надминаа 5,6 милиони евра
-

Од почетокот на следната недела заладување и врнежи од снег на повисоките места
-

Гаши: Ревизорските извештаи бараат суштинско разгледување, Собранието ќе ги зајакне механизмите за надзор
