Балкан
15. November 2016 - 12:27

Турскиот премиер Јилдирим ќе има средба со Путин на 5 и 6 декември

Турскиот премиер Бинали Јилдирим ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за време на посета на 5 и 6 декември, јавија западни медиуми повикувајќи се на извори во Кабинетот на премиерот.

Во изминатите месеци Москва и Анкара ги нормализираа односите откако пред една година турски воен авион собори руски бомбардер близу границата со Сирија.

Весникот Хуриет објави дека турскиот премиер ќе ја посети Русија во првата недела од декември со цел забрзување на процесот за нормализирање на билатералните односи како и да побара соработка во Сирија и во Ирак.