Турските безбедносни сили заплениле 13 тони марихуана од брод што пловел под боливиско знаме
Во меѓународните води во близина на либискиот брег, турските сили за безбедност од брод што пловел под боливиско знаме заплениле 13 тони марихуана, пренесе агенцијата Анадолија.
Според информации на турското Министерство за внатрешни работи, наркотиците биле откриени во операција што била изведена доцна синоќа со поддршка од воздух.
Изведената акција е првата што Турција ја спроведува во меѓународни води, забележа турската телевизија НТВ.
Според информации на турското Министерство за внатрешни работи, одделот за борба со швецот на наркотици во турската полиција добил информација за брод, што пловел под боливиско знаме, и се поврзал со турската крајбрежна стража, посочува агенцијата Анадолија.
Турската крајбрежна стража на 3 јануари ја утврдила локацијата на бродот, по што била преземена операцијата на запленување во која учествувале авион и брод.
Изведувањето на акцијата било одобрено од турското Министерство за надворешни работи.
Операцијата била спроведена во соработка со боливиската Влада и во согласност со Конвенцијата на ОН за борба против шверц на наркотици и психотропни материи. сд/10:54
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен амбасадор
-

Скопје ден по невремето со ветер со јачина на ураган
-

Урагански ветар пустошеше по Истокот
-

Епидемијата во Гостивар стивнува велат од здравство, цистерни вода ќе се носат од други градови
-

Брисел ни ги достави задачите што треба да ги исполниме до декември
-

Ганди доби биста во Музејот на Град Скопје
-

Просечната плата се доближува до 50 илјади денари: Кои работници се најплатени?
-

Нови правила за фер вработувања во јавниот сектор
