Тутунарите незадоволни од понудените цени за новата реколта, бараат 510, добија само 420 денари
Тутунарите не се задоволни од понудените цени на откупувачите за новата реколта. Од Сојузот на тутунари бараат 510 денари за прва, 450 за втора и 390 денари за трета класа. Но од понуцените цени од 9 откупувачи прва класа се движи од 414 до 420 највисокка цена, втора класа со 312 до 360 денари, трета од 250 до 300 денари, и за допунска од 120 до 180 денари.
„Од овие бројки може да се заклучи дека најголемите откупни компании ги понудија најниските понудени цени. Ова ни да дава за право да мислиме дека и оваа реколта ќе биде анкес договори и купување само во една класа. Што за нас не е оправдано, ние баравме да се поткренат нормално цените. Ние понудивме беше реална проценка на класи и да си го купат тутунот во најдобар ред и квалитетот да се плати од неквалитетот“, вели Кире Ристески, претседател на Сојуз на тутунски здруженија.
Од Сојзуот на тутунски здруженија велат дека под итно бараат измени во Законот за тутун и враќање на стариот член каде без нивно одобрување не може откупувачите да понудуваат цена каква што сакаат.
„Бараме законски измени во делот на законот бараме да се врати стариот член, да се вратат ингеренциите на Сојузот каде без согласност на Сојузот да не може да склучуваат Дговори, бараме член 43 да се смени за увозот на тутун, да има забрана на увоз на суров тутун се додека не се откупи и последниот лист тутун произведен дома и бараме измена на членот 47 за полагање и добивање на лиценци“, додаде Кире Ристески, претседател на Сојуз на тутунски здруженија.
Од Сојзуот се убедени дека пред почетокот на откупот за новата реколта откупувачите ќе ги зголемат цените со анекси.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар