-->
-->
Твитер може да ви помогне да ги оставите цигарите
-->

Ново истражување покажа дека програмата за интервенција основана на користењето на Твитер може да биде исто толку ефикасна како и традиционалните методи за оставање на пушењето.
Финансиран од Националниот институт за здравство, проектот кој го спровеле истражувачи од Универзитетот во Калифорнија, имале за цел да испитаат како социјалните интеракции влијаат на луѓето кои се обидуваат да се откажат од пушењето.
Резултатите покажале дека 40 отсто од луѓето кои ја користат програмата наречена „Tweet2Quit“, објавиле дека престанале со пушење за период од повеќе од 60 дена, во споредба со 20 отсто од луѓето кои ги користеле традиционалните методи.
„Tweet2Quit“ воспоставува мали групи на Твитер чии учесници секојдневно добиваат пораки кои ги охрабруваат да се вклучат во онлајн дискусија.
На пример, им стига прашање: „Што ќе направите кога ќе почувствувате голема потреба да запалите цигара?“
Истражувачите велат дека резултатите потврдиле дека групите за поддршка на социјалните мрежи се многу важни и помагаат за одвикнување од пушењето, а самата студија покажува на важноста на социјалните мрежи како ефикасно средство за интервенција во разни проблеми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Изборот на Хоџа и Сали во четврток пред пратениците
-

Владата утре ќе прогласи кризна состојба, за да се користи мазут од стоковите резерви
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

80-годишнината МНТ ја прославува со сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето - Made in MNT“
-

Преглед на вестите од светот
-

Анита Тополова Исајловска избрана за в.д државен јавен обвинител
-

Трамп ја менува Агелер, амбасадорката на САД во земјава
-

Откако се раздвоија на патот кон ЕУ, сега Албанија ја поддржува европската интеграција на Македонија
