Loading Video...
Фудбал
23. March 2023 - 19:58

У-21: Убедлив пораз од Летонија на турнирот во Анталија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година е на турнир во Анталија и на стартот доживеа неочекувано убедлив пораз од 3-0 од  аутсајдерот на турнирот селекцијата на Летонија. 
Разочарувачки пораз кој  не ветува многу за младите репрезентативци на овој квалитетен турнир во турското монденско летувалиште каде ќе следуваа посилни противници како Финска и Словачка со кои ќе играме на 25-ти и 28 – ми март. 
Летонците на овој натпревар играа дисциплинирано и на резултатот умешно казнувајќи ги грешките на избраниците на селекторот Драган Канатларовски кои не успеаја од неколкуте шанси да постигнат барем еден погодок. 
Противникот  во првиот дел преку Пузиревскиск оствари предност од 1-0 а во вториот дел централна фигура на теренот беше Рекис кој беше стрелец на головите на неговата селекција во 69-тата и 84-тата минута за убедлива победа на Летонија од 3-0.