Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека е приведен 19-годишниот возач кој вчера удри тригодишно девојче на велосипед и избега од местото.
- Денеска (20.06.2026), полициски службеници од Одделението за увид на сообраќајни незгоди го пронајдоа возилото и го идентификуваа возачот. Станува збор за патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Џ.Б.(19) од скопското село Добрино. Над возилото е извршен преглед и фотографирање, а со возачот е извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.
Несреќата се случи вчера околу 19 часот во селото Визбегово, а девојчето со тешки телесни повреди е пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“
МИА
Ново на Сител
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
-

Откриена голема римска бања кај прилепскиот локалитет „Долиште“ - кој антички град се крие тука?
