-->
-->
Уапсен 22-годишен скопјанец, превезувал петмина мигранти од Сирија
-->
На регионалниот пат Демир Капија-Неготино денеска околу 5 часот полицијата уапсила 22-годишен скопјанец, кој превезувал петмина мигранти од Сирија.
Во акцијата, како што информираат од МВР, учествувале полициски службеници од РЦГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица и ПС за ГН Михајлово.
- М.А.(22) од Скопје не застанал на даден знак од полициски службеници, но по преземени мерки и активности, возилото „пежо“ е запрено, а М.А. лишен од слобода, се вели во соопштението од МВР.
По целосно документирање на случајот, против М.А. ќе биде поднесена кривична пројава до надлежното обвинителство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кога се трошеле најмногу државни пари
-
Пожарот во „Пулс“ ја зеде 61-та жртва, почина пациентот кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото на Вања негира вмешаност во случајот
-
Тема на денот со Аким Али, претставник на СЗО на Македонија
-
15 години клиничка болница “Аџибадем Систина”
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарот во Пулс ја зеде 61-та жртва, почина пациент кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото тврди дека не е виновен