Македонија
8. March 2025 - 11:54

Уапсен 30 годишен охриѓанец, проголтал кесичка со дрога за да не ја пронајде полицијата

На 07.03.2025 година во 17.20 часот, на пресекот на улиците „Кленоец“ и „Железничка“ во Охрид, лишен од слобода е М.Ј.(30) од Охрид.

Тој, при контрола на неговиот патнички автомобил „Рено“ со охридски регистарски ознаки, проголтал опаковка со бела прашкаста материја по што е пренесен во Општата болница во Охрид.

По преземени неопходни медицински мерки, опаковката е обезбедена по што ќе следи вештачење. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.