-->
-->
Уапсен 43-годишен маж од Тетово кој извршил обљуба врз три малолетни девојчиња
-->
МВР информира дека вчера во Полициската станица Тетово, три жени од тетовско село пријавиле дека 43-годишниот Ф.А. од нивното село извршил обљуба врз нивните малолетни ќерки.
-За настанот бил известен Јавен обвинител, а врз основа на судска наредба, на 22.08.2020 полициски службеници извршиле претрес во домот на Ф.А., при што пронашле и одзеле пиштол „Ekol Firat Magnum“, една рамка со 13 куршуми кал.9мм, секира, три ножеви и други предмети, за кои постои сомение дека можат да помогнат во истрагата. Ф.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава - информираат од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонец пронашол изгубено девојче во Неа Флогита
-
Нови пријави за оштетени автомобили и поплавени објекти во Скопје
-
Прва седница на Владата, ќе се разгледува информацијата за повисоки пензии
-
Најмногу дожд изминатото деноноќие наврнал во Куманово
-
Боливискиот претседател негира дека стои зад неуспешниот обид за државен удар
-
Дебата Бајден/Трамп: За Бајден противкандидадот е плачко и уличарка, Трамп вели ќе ја заврши војната во Украина
-
Европските лидери ги избраа носителите на врвните функции во ЕУ
-
Состојба на патишта