Македонија
16. December 2022 - 14:53

Уапсен 66-годишен радовишанец кој силувал малолетничка

На Г.Р. (66), жител на радовишкото село Злеово, полицијата му поднела кривична пријава заради сомневање дека пред околу четири години извршил полови дејствија врз малолетничка, соопштија денеска од СВР Струмица.

Како што информираа од полицијата, настанот во Одделението за внатрешни работи во Радовиш бил пријавен на 14 овој месец по што бил запознат и јавен обвинител од ОЈО Струмица.

Г.Р. бил лишен од слобода и задржан во полициската станица, а во текот на денот ќе биде изведен пред на претходна постапка во Основен суд Струмица.