Македонија
27. April 2019 - 10:26

Уапсен Албанец кај Стар Дојран

Апсење на граничниот надзор Стар Дојран. Како што стои билтенот на МВР, вчера во 13,30 часот, од страна на патролен тим од Полициската станица за Гранична контрола и граничен надзор  Стар Дојран, во реонот на с.Николиќ, на ГК 26/1, поради нелегално преминување на државната граница од Република Грција во Република Северна Македонија, приведен е албанскиот државјанин  А. Х. (26). По извршениот разговор со лицето и извршените проверки во оперативните евиденции  во  15,30 часот бил предаден на инспектор  во Гевгелија за понатамошна постапка.