Македонија
9. February 2024 - 16:08

Уапсен дедо (81), запалил оган на неговата нива кој ја зафатил плевната на соседот

Вчера (8 февруари) во 13 часот и 10 минути полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 81-годишниот Х.Х. од гостиварска Долна Бањица, соопшти МВР.

„Тој се сомничи дека претходно запалил оган на неговата нива, кој набргу неконтролирано се проширил наоколу и зафатил плевна, сопственост на 71-годишниот Н.Д. од истото село, како и пластична цевка поставена во близина“, појаснуваат од полицијата.

Како што соопштија од МВР, нема повредени во пожарот, а со интервенција на гостиварската Територијална противпожарна единица пожарот целосно е локализиран.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ново на Сител