Балкан
16. јуни 2017 - 11:26

Уапсен двојниот убиец: Ги застрела сопругата и тештата, а го рани своето бебе (2)

По интензивна потрага, полицијата го уаспи Горан Петровиќ (24) осомничен дека на 4 мај годинава, на патот Бујановац - Кончуљ, кај селото Турија, од огнено оружје уби две жени - невенчаната сопруга Јована (24) и нејзината мајка Душица Ивановиќ (42).

Во таа прилика е повредено и едногодишно дете, на кое лекарска помош му е укажана во Здравствениот центар во Врање од каде е префрлено во Клиничкиот центар во Ниш.

Петровиќ е уапсен синоќа, во местото Предејане кај Лесковац, во заедничка акција на припадниците на Жандармеријата и полициската управа во Врање.

Тој е спроведен во Окружниот затвор во Врање, врз основа на потерница од вишиот суд поради постоење основано сомнение дека извршил кривично дело тешко убиство.