Уапсен е раководител во општината Маврово и Ростуше, договорил поткуп од 13.000 евра
Полицијата денеска го уапсила раководителот на Одделението за урбанизам и комунални дејности во Општината Маврово и Ростуше, откако бил фатен како прима дел од договорен поткуп за да одобри проект за изградба на апартмани, соопшти полицијата.
„На ден 19.03.2025 година, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) реализираше случај на поткуп при што лишен од слобода е Раководителот на Одделението на урбанизам и комунални дејности при Општина Маврово и Ростуше, Садредин Елезоски. Поткупот бил побаран и примен заради ветување дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење на апартмани и сместувачки капацитети. Поткупот бил побаран во износ од 13.000 евра и требало да се исплати во неколку рати. Лицето е лишено од слобода при исплата на парите од првата рата во угостителски објект во Скопје, откако истите биле претходно криминалистичко-технички обработени“, велат од МВР.
Ново на Сител
-
Трагедијата во Кочани ја отвори „пандорината кутија“ за индивидуалната, но и колективната одговорност
-
Заглавени возила кај Галичица
-
Преглед на вестите од светот
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп