-->
-->
Уапсен легендарниот српски коментатор Милојко Пантиќ
-->
Познатиот спортски коментатор Милојко Пантиќ (72) е уапсен синоќа, откако со својот автомобил Форд Фокус удри во возило на специјалните полициски единици во Нов Белград.
Како што пишува српски „Блиц“, по судирот, Пантиќ побегнал од местото, па е забележан и како вози во спротивна насока, пред да биде уапсен. Во потерата нема повредени.
Пантиќ, инаку, на македонските спортски обожаватели, им е познат по култниот коментар од еден натпревар на Југословенската фудбалска репрезентција: „Милко Ѓуровски! Милко Ѓуровски, еве го во 16-те метри! Дрибла еден. Дрибла друг. Дрибла трет! Шутира и – гооол! Леле, не е гол… А, не е ни Милко Ѓуровски!”
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Потпишан меморандум за соработка
-

Прв академски час на УГД - обpаќање на премиерот до бруцошите
-

Прв академски час на АУЕ-ФОН
-

Прв академски час, но и први студентски предизвици
-

Вештакот на Јованов тврди: „Пулс“ не бил реконструиран, туку само ентериерно уреден
-

Уапсени 20 лица во акцијата во Прилеп
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Филипче: Собранието да го донесе законот за 600 евра минималец
