Уапсен поранешниот командант на „Лавови“, Горан Стојков
Полицијата попладнево го уапси Горан Стојков, поранешен командант на расформираната единица „Лавови“.
- На 16.12.2021 во 16:15 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги на бензинска пумпа на бул."Србија" во Скопје го лишија од слобода Г.С. (51), роден во Струмица, а со адреса на живеење во Скопје, кој бил баран со потерница по наредба од Основен Суд-Скопје 1 вв чл.353 ст.3 од КЗ на РМ, за казна затвор од една година. Лицето е предадено во КПУ Затвор Скопје-Скопје за издржување на казната, соопштуваат од МВР.
Поранешниот полициски генерал, Горан Стојков беше пуштен од затвор во 2016 година. Инаку, тој во случајот „Шпион“ беше осуден на 9 години затвор, а со пресуда на Апелацискиот суд казната му беше намалена на 3 години и 3 месеци затвор.
Ново на Сител
-

Бугарија ќе нема право на вето кај постепеното зачленување во ЕУ
-

Паневропска Унија: Сите земји треба да имаат полноправно членство на ЕУ, не држави без право на глас
-

Забрзано се гради новата делница од Коридор 8 Гостивар - Букојчани
-

Уништен еден тон небезбедна „здрава“ храна
-

Да се повлече предлог законот за извршување, бара КСОМ
-

Како Австриската развојна агенција и помага на земјава со реформите за ЕУ
-

Карневалски денови за Прочка во Прилеп, денеска се одржа Детскиот карневал, утре е главното дефиле
-

Преглед на вестите од светот
