Свет
24. October 2015 - 17:54

Уапсен потпретседателот на Малдиви за неуспешниот обид за атентат врз претседателот Јамин

Потпретседателот на Малдиви, Ахмед Адиб, денеска е уапсен под  обвинение дека го испланирал обидот за убиство на претседателот Абдула Јамин, информираа американските медиуми.

Полицискиот портпарол објасни дека Адиб бил приведен утринава на аеродромот, при враќање од официјалната посета на Кина.

На 28 септември дојде до ексллозија на чамецот со кој претседателот Јамин и неговата сопруга се враќаа во главниот град од аеродромот, што се на наоѓа на мал остров, по аџилакот во Саудиска Арабија.

Јамин се извлече неповреден, но неговата сопруга и еден телохранител беа ранети.