Македонија
12. March 2021 - 18:23

Уапсен скопјанец кој ги нападнал соседите

Вчера во 16.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.Р.(29) од Скопје затоа што ја нападнал сосетката Д.С.(48) и се обидел со остар предмет да го нападне нејзиниот сопруг Г.С.(50), стои во соопштението од МВР.

Според пријавеното, откако тој ја нападнал Д.С., дошол сопругот Г.С. и настанала физичка пресметка помеѓу него и В.Р., при што В.Р. се обидел со остар предмет да го нападне. Г.С..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.