-->
-->
Уапсен скопски наркодилер, еве што пронајде полицијата кај него
-->

Единицата за недозволена трговија со дрога до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицето З.А. (27) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од кривичниот законик на Република Македонија.
Пријавениот во текот на ноември 2016 година неовластено набавил поголема количина на марихуана со намера истата да ја продава на уживатели од Скопје. Имено, Единицата за недозволена трговија со дрога, преземајќи мерки и активности за сузбивање на уличната продажба на дрога, дојде до сознание дека З.А., кој и претходно е кривично пријавуван за недозволена трговија со марихуана, набавил поголема количина на марихуана, со намера
да ја препродава.
По потврдување на сознанието, Единицата презеде мерки и активности за обезбедување на материјални докази, за што на 23.11.2016 година со наредба од Судија на претходна постапка извршен е претрес во домот на пријавениот, каде се пронајдени и одземени 93,27 грама марихуана спакувани во една тегла и две полиетиленски кесиња, една таблета со активна компонента 3,4 грама метилен-диоксиметамфетамин (МДМА) и една дигитална вага на која се најдени траги од марихуана.
З.А. бил приведен и делумно дал појаснување за потеклото на пронајдената дрога во неговиот дом.
Судија на претходна постапка на пријавениот му изрече мерка претпазливост со која истиот е обврзан еднаш во неделата да се пријавува во надлежната полициска станица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Првиот пациент вратен од лекување: Моите деца се уште имаат татко благодарение на докторите
-
Запленети парфеми, облека, обувки, 323 штеки цигари, воздушна пушка и разна техничка стока вредна 1,8 милиони денари
-
Видевски: Го прашав Палчо зошто ја уби Вања, тој само ги крена рамениците
-
Трамп се закани дека ќе го скрати финансирањето на јавните медиумски сервиси
-
Стабилно снабдувањето со јајца на домашниот пазар пред велигденските празници
-
Утрово во Албанија регистриран земјотрес со јачина од 3,2 степени
-
Ѓоковиќ обезбеди четвртфинале во Мајами
-
Русија и Украина договорија прекин на огнот во Црното Море