Уапсен сообраќајниот инспектор на Грчките железници поради несреќата во која загинаа 57 лица
Сообраќајниот инспектор на Грчките железници денеска е приведен поради железничката несреќа од 28 февруари во која во Темпи загинаа 57 лица, објави „Катимерини“.
Главниот инспектор Димитрис Николау (63) во несреќата е обвинет за „нарушување на безбедноста на сообраќајот“ што предизвика смрт на многу луѓе, како и убиство од небрежност.
Николау е вториот притворен во овој случај и може да биде осуден од десет години затвор до доживотен затвор.
Во притвор е и шефот на железничката станица каде се случи дефектот, Василис Самарас (57). Тој ја призна одговорноста за директниот судир на патнички и товарен воз во Темпи, во близина на градот Лариса.
Во сударот на патнички и товарен воз на 28 февруари загинаа 57 лица, десетици беа повредени, а девет лица се уште се на болничко лекување.
Ново на Сител
-
Приведен бегалец од затвор, баран со потерница за доиздржување на над четири години затворска казна
-
По повод 8 Септември македонското знаме кренато во Њујорк
-
Си и Путин му ја честитаа на Ким Џонг Ун годишнината од основањето на Северна Кореја
-
Атина денеска без такси превоз поради 24-часовниот штрајк на таксистите
-
Израел изврши напади врз Сирија, најмалку петмина загинати
-
Синер со победа на Фриз го освои УС Опен
-
Нападната српска амбасадорка во Мадрид
-
Одбележани 33 години независност, честитки и пораки за единство и сплотеност