Уапсен србин кај Ѓавато, не застанал на знак на полицијата, па потоа го оставил автомобилот и пробал да побегне

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против државјанин на Република Србија осомничен за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Како што соопшти државното Јавно обвинителство, осомничениот на 24 јули на регионалниот пат Гевгелија – Богданци управувал автомобил Фолксваген поло со лажни италијански регистарски таблички.
Полициски службеници во близина на раскрсницата Ѓавато му дале светлосен знак да застане за да извршат редовна контрола. Но осомничениот не запрел туку го забрзал возилото, а полицајците го следеле.
Кај местото викано „Карпи“ го оставил автомобилот и побегнал, но по кратко време бил пронајден.
Полицијата констатирала дека осомничениот не поседува сообраќајна дозвола или каква било друга документација за да се утврди потеклото на возилото, додека регистарските таблици припаѓаат на друго возило.
По предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија определи мерка притвор во траење од осум дена за осомничениот.
МИА
Ново на Сител
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
