Уапсен тетовец кој фрлал вреќи со отпад во реката Пена

На 30.06.2026 во 18:00 часот на улица „Љубо Божиновски Пиш“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.С. (54) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загадување на животната средина и природата“ казниво по член 218 од КЗ.
По претходно објавено видео на социјалните мрежи, на кое се гледа како лице кое дошло со патничко возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, фрла вреќи со непознат отпаден материјал во реката Пена, во близина на ул. „Видоје Смилевски- Бато“, СВР Тетово презеде соодветни мерки и активности и го пронајде сторителот, кој во службен разговор го призна делото.
Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против Б.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-

Преговори за Изборниот законик
-

Нови лекови на позитивната листа
-

Почна пријавувањето на штетите од пожарот во Пробиштипско
-

Производителите на пченица бараат да запре увозот
-

Преглед на вестите од светот
-

Ќе има ли договор за Изборниот законик?
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
