Уапсен жител на Прењас при обид да шверцува оружје од Македонија во Албанија
Во рамки на шифрираната полициска акција „Граничен премин“ албанската полиција уапсила 33-годишен жител на пограничниот град Прењас, за трговија со оружје од македонска на албанска териорија.
Според полицијата, запленети се автоматска пушка-калашников и сачмарка, кои, уапсениот откако, со возило, ја минал границата во зелениот појас имал намера да ги продаде.
- Како резултат на брзото администрирање на информациите од полициското разузнавање, за државјанин кој е осомничен за трговија со оружје од РСМ специјалците од одделот за истрага на недозволена трговија и наркотици од регионалниот комесаријат во Елбасан во соработка со специјалци за истрага на кривични дела, ја финализираа шифрираната полициска акција „Граничен премин“. Во истата, уапсено е лицето Ш.Ч.(33) жител на Прењас, стои во полициското соопштение.
Процедуралните материјали се предадени на Обвинителството при Основниот суд од општа надлежност Елбасан за понатамошни дејствија.
Во средината на февруари полицијата на влезот во градот Елбасан уапси две лица жители на Дивјак, во чиј автомобил ауди пронајде едно парче огнено оружје калашников и 114 куршуми, чија крајната дестинација била Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Исчезнале тројца Непалци кои работеле во охридски хотел
-
Фирмата која готви за АРМ: Храната и кујната се 100% исправни
-
Велешанец фатен како продава марихуана на малолетник
-
Паднал од мотор во обид да избегне судир со „пежо“
-
Настрада пешак по судар на автомобил и автобус во Скопје
-
До сабота топло, од недела пад на температурата
-
Таравари: „Ситни проблеми“ во коалицијата
-
СДСМ: Нема да се потрошат 100 милиони евра во општините оваа година