Македонија
10. јуни 2024 - 11:44

Уапсена 40 годишна жена која се обидела да внесе дрога во КП Идризово

На 09.06.2024 во 17.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода А.А.(40) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена марихуана, која се обидела да ја внесе во Казнено - поправна установа Затвор Идризово  при посета на својот сопруг – осуденик во установата.

Таа била предадена во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка, а по целосно докуемнтрање на случајот ќе следува соодветен поднесок.