Уапсени четворица криумчари во Грција – наплатиле по околу 8.500 евра по мигрант за да ги пренесат од Турција до Италија
По 8.500 евра платиле мигрантите кои во неделата беа спасени во близина на грчкиот полуостров Пелопонез за од турското крајбрежје да стигнат до Италија, а меѓу групата од 81 мигрант, биле и четворица криумчари, кои се уапсени, јави дописничката на МИА од Атина.
Од крајбрежната служба на Грција денеска соопштија дека на 13 октомври биле информирани дека товарен брод што пловел под панамско знаме спасил 81 странски државјанин (48 мажи, 12 жени и 21 дете) на 95 наутички милји југозападно од Пилос, по што безбедно биле пренесени на копно.
-Според нивната изјава, во раните утрински часови на 10 септември, со брод тргнале од непозната точка на турскиот брег во близина на градот Фетије кон Италија, но не е исклучена можноста нивната крајна дестинација да беше Грција. Секој од горенаведените странци го платил својот превоз по околу 8.500 долари, соопштија од крајбрежната служба на Грција.
По спроведената прелиминарна истрага биле уапсени четворицата криумчари, кои според грчката телевизија ЕРТ се државјани на Иран, Ирак и Туркменистан.
Ново на Сител
-
Пратенички прашања во Собранието
-
Комората на северозападна Македонија не гледа трикови со цените - Апелираат трговците да го почитуваат договореното
-
СДСМ: Антикорупциска да ја повлече одлуката за именувањето на Христовски за директор на АНБ
-
6 милиони евра дополнителни средства Агенцијата за вработување за 2025 година
-
Потребно е проширување на понудата
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со комуникологот Бојан Кордалов
-
Евроинтеграцијата и барањето за консензус клучни во обраќањето на претседателката