Уапсено и петто лице за „камионот на смртта“

Ирската полиција соопшти дека уапсила машко лице кого британските власти го бараат во врска со случајот со камионот ладилник, во кој на југоистокот од Англија беа пронајдени 39 мртви лица.
Осомниченото лице било уапсено во пристаништето во Даблин, јавија американските медиуми.
Со ова апсење бројот на приведени лица во овој случај се зголеми на пет. Меѓу нив е и возачот на камионот Морис Робинсон, кој, исто така, потекнува од Северна Ирска. Против него веќе е покренато и обвинение за убиство на 39 лица.
Британската полиција се обидува да ги идентификува жртвите, кои потекнуваат од Азија. Во тек е аутопсијата на нивните тела.
Амбасадата на Виетнам во Лондон воспостави црвена линија за семејствата кои сакаат да се информираат за свои исчезнати членови.
Ново на Сител
-

Со нов закон ќе се уредуваат плажите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
