Убавата Хана била киднапирана, силувана и маченички убиена – Се изживувале над неа

Убиената девојка и нејзиниот пријател студираа на Универзитет.
Хана Корнелијус, студентка (21) од Јужна Африка, била силувана, избодена и задавена, соопштија од полицијата. Таа и нејзиниот пријател Чеслин Марша минатиот петок во Стеленбош, била киднапирана од страна на четворица разбојници.
Полицијата ги фатила осомничените за кои се верува дека учествувале во овој страшен злочин.

Разбојниците се снимени од безбедносните камери како скокаат во обид да побегнат. Тие се идентификувани како Верон Витбои (32) и Гералдо парсонс (26).
Подоцна се уапсени уште двајца. Тие сега се соочуваат со пониско обвинение за убиство, силување, кражба и киднапирање.

Хана и нејзиниот пријател разговарале во автомобилот во кој таа го добила од својата баба (91), кога и пришле разбојниците.
Него го затвориле во багажникот, а Хана морала да премине на задното седиште, соопштиле од полицијата. Работите на оваа двојка се украдени, а тие се однесени на непозната локација каде ги тепале со цигли, пишува Дејли Мејл.

Часлин изјави на полицијата дека успеал да им побегне на киднаперите кога се префрлил преку ѕидот. Еден сведог го пронашол како се шета бос, крвав и дезориентиран. Имал повреди на главата и скршена рака, а во моментов се опоравува во болница.
Во меѓувреме, пронајдено е и телото на Хана, на околу 10 километри од градот од каде е киднапирана. Полицијата вели дека е избодена и задавена,а нејзините киднапери се обвиенти и за силување.

Убиената девојка и нејзиниот пријател студираа на Универзитет, пренесуваат локалните медиуми. Ректорот и професорот Вим де Вилерс изјави дека универзитетската заедница е шокирана од тоа што се случило.
Семејството на убиената девојка издаде соопштение по повод нејзината смрт.
„Голема така е тоа што ја изгубивме нашата сакана Хана. Семејството сеуште не ги знае сите детали поврзани за нејзината смрт. Го чекаат извештајот од надлежните органи, и не сакаат да ја загрозат истрагата“, изјави нејзиниот вујко.
Истакна дека на него не му е јасно зошто сите овие разбојници ја убиле, ако веќе го имале нејзиниот автомобил.

„Ако веќе ја киднапирале неа и нејзиниот пријател, кога веќе така се обиделе да ги убијат, сигурно имале намера кого било да убијат“, вели тој.
Наведе и дека Хана студирала хуманистичка наука, а била исклучилтелна пијанистка. Нејзиниот брат (18) има аутизам и сеуште не е во состојба да свати дека сестра му е убиена.
Нејзините родители се неутешени од тоа што се случило. Таткото и е судија, а мајката истакнат адвокат. Семејството на сите им се заблагодари за поддршката поради нејзината смрт, за која сите велат дека била „прекрасна личност“.
Ново на Сител
-

Трагедија во Прилеп: Починато осумдневно бебе
-

Лицата со аутизам и Даунов синдром ќе добијат бесплатен паркинг во Скопје
-

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
-

Сиљановска - Давкова: „Вељо Манчевски“ е вреднување на посебниот духовен, образовен и хуман придонес
-

Kартел меѓу над 40 авто-школи, ги усогласиле цените за полагање за возачка дозвола
-

Околу 80 000 компании активни во земјава, бизнисот се повеќе работи електронски
-

Киднапирана жена пронајдена мртва во гостиварско
-

Стартот на „Безбеден град“ се одложува - системот ќе профункционира на 1 февруари
