Џет-Сет
30. December 2016 - 11:04

Убавицата откри како „ги топи“ килограмите додека спие

Бразилската манекенка Адријана Лима (35), за која многумина сметаат дека го има едно од најубавите тела во светот, и натаму „жари и пали“ по модните писти, а на неодамна оддржаната ревија на „Викторијас Сикрет“ во Париз уште еднаш покажа дека на нејзината градба можат да и позавидат и некои многу помлади колешки.

Убавата Бразилка неодамна откри како успева да ја оддржи својата линија.

Адријана јаде шест оброци на ден, вежба исто толку пати неделно, а од многу одамна е познатата и како голем вљубеник во боксот.

Но, манекенката откри и волшебна напивка која ја пие пред спиење за согорување на килограмите.

Тоа е пијалак од леќа, која е богата со протеини, и го забрзува метаболизмот.

- Леќата  ја мешам со млеко од коноп и мед и напивката ја пијам топла или студена, зависно од расположението, откри славната убавица.