-->
-->
Убеливи победи на Франција и Хрватска
-->
Фудбалските репрезентации на земјите учеснички на претстојното Европско првенство во Франција, полека ги завршуваат подготовките. Како дел од истите се и контролните, пријателски средби.
Домаќинот на шампионатот и топ фаворит за трофејот на ЕУРО 2016 Франција синоќа пред својата публика во Мец, ја победија Шкотска со 3:0. Два гола за „Триколорите’’ постигна Жиру, додека третиот беше дело на Кошчелни.
Хрватска ја декласира селекцијата на Сан Марино совладувајќи ја со неверојатни 10:0. По три гола за „коцкестите’’ постигнаа Манџукиќ и Калиниќ, а во листата на стрелци се запиша и: Пјаца, Срна, Перишиќ и Ракитиќ.
Германија ја победи Унгарија со 2:0. Адам Ланг си постигна автогиол, а Томас Милер беше стрелец на вториот гол за „панцирните’’.
На останатите два контролни натпревари одиграни синоќа, Холандија како гостин ја победи Австрија, додека еднствено на дуелот Словачка – Северна Ирска немаше голотви па средбата заврши со резултат 0:0.
Денеска на програмата се нови пет натпревари, а во нив ќе играат:
15: 10 Чешка – Јужна Кореја
16: 00 Шведска – Велс
18: 00 Белгија – Норвешка
18: 00 Србија – Русија
20: 15 Словенија – Турција
Европското првенство ќе започне на 10 јуни и ќе трае еден месец
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски од САД: Македонија е на иста линија со политиките на Трамп
-
Како изборите во Германија ќе влијаат на односните Скопје-Берлин?
-
Без напредок заврши уште една средба на македонските и бугарските историчари
-
СДСМ бара одговорност за најавите за вработувања во администрацијата, ВМРО-ДПМНЕ демантира
-
Кочоска: Не може да гледате цени само во еден маркет и да велите пораснаа цените