Убиен лидерот на бунтовниците во Кашмир Абу Касим
Лидерот на бунтовничката група Лашкар-е-Таиба во Кашмир, Абдул Рехман, попознат како Абу Касим, денеска е убиен во размена на оган со индиските сили, што предизвика улични протести во градот Кулгаму, каде и бил усмртен.
- Абу Касим е Пакистанец и е оперативен лидер на милитантната група која Индија ја смета за виновна за неколку напади ширум земјата, вклучувајќи го и оној од 2008 година кога во Мумбај беа убиени 166 лица, рече шефот на полицијата Раѓендра Кумар.
Засега нема потврда од независни извори дека Абу Касим е убиен, ниту има коментар од бунтовничката група.
На веста за неговата смрт, неколку стотици лица се обиделе да дојдат до местото на кое настрадал, а попатно фрлале камења врз владините сили и правеле блокади на патот. Полицијата одговорила со солзавец, наведуваат француските медиуми.
Кашмир е поделен меѓу Индија и Пакистан, а двете држави полагаат право врз него. Од 1989 година, милитантните групи се борат за независноста на Кашмир или негово спојување со соседен Пакистан.
Во вооружениот бунт досега загинаа повеќе од 68.000 лица.
Индија го обвинува Пакистан за финансирање и обука на бунтовниците во регионот. Исламабад ги негира обвинувањата, наведувајќи деја единствено дава морална и дипломатска поддршка за бунтовниците.
Ново на Сител
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите
-
ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски – Ако не може да помогне, да не и одмага на Македонија
-
Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
-
Голема симулациска вежба на Скопскиот аеродром
-
Бизнис конфедерацијата на Македонија нуди излез од лавиринтот на минималната плата