Убиен лидерот на Исламска држава
Лидерот на т.н.Исламска држава Абу Бакар Ал Багдади наводно е убиен во американски возушен удар во ирачкиот град Рака, соопшти денеска новинската агенција блиска до џихадистите Ал Амак.
„Абу Бакар Ал Багдади е убиен при напад на коалициските сили во Рака, извршен во петиот ден од Рамазан“, ја пренесува ТАСС веста на новинската агенција Амак.
Друг извор соопштува дека Ал Багдади бил убиен во реонот на Мосул во Ирак, пишува британскиот весник „Дејли меил“.
Ирачките безбедносни сили лиферуваа соопштение кое гласи: „Ирачки авион уништи конвој со кој Ал Багдади патувал кон Кербала за да присуствува на средба со терористички лидери од ИД“.
Минатата недела ирачката телевизиска станица „Ал Сумарија“ информираше дека Ал Багдади и членови на неговото поблиско опкружување биле повредени при воздушен удар на коалицијата против еден од командните центри на групата во Ирак, недалеку од сириската граница. Коалицијата тогаш не ја демантираше, но не ја ни потврди оваа информација.
Во минатото неколку пати се појавуваа информации за ликвидирање или ранување на Ал Багдади но тие се покажаа како неточни.
Ново на Сител
-
Македонците од Албанија бараат помош од државата за справување со бугарската пропаганда
-
Тема на денот со Васил Стерјовски
-
Амнестирани обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“
-
Рокас: Интензивирани се дипломатските активности, власта да ја спроведе реформската агенда, а ние сме тука да асистираме
-
Посетата на Мицкоски на САД – за ВМРО-ДПМНЕ државен успех, за СДСМ евтина ПР фарса
-
Ахмети со скандалозна изјава од Чашка - Македонците според него зборуваат на бугарски јазик
-
Додека болните чекаат терапија, политичките партии се препукуваат за Онкологија
-
Унгарскиот заем наскоро ќе биде достапен за фирмите