Македонија
25. July 2015 - 14:33

Убиен уште еден функционер на ДУИ, овојпат во Струга

Со 5 куршуми попладнево во Струга е убиен функционерот на ДУИ, Артан Муслиу, инаку заменик – директор на регионалниот центар на УЈП во Струга, јави Лајм.

Како што пишува весникот, тој се сметаше за близок со вицепремиерот Муса Џафери.

Неофицијално Муслиу е застрелан пред хотел Дрим од автомобил во движење.

Не се познати сторителите на ова убиство, ниту точните мотиви. Од полицијата се уште не ја потврдиле информацијата. Муслиу е добро познат како бизнисмен во Струга. Повеќе информации наскоро.