Македонија
19. September 2024 - 18:13

Убиена дива свиња пронајдена во багажник, кривична за две лица

СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.Ј.(45) од с.Луковица и Л.Л.(65) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено ловење, чување и отуѓување диви животни и птици“, соопшти МВР.

Полициски службеници извршиле преглед на патничко возило кое го управувал второпријавениот, при што во багажниот простор била пронајдена дива свиња, која првопријавениот лично ја застрелал, а кој по претходен договор требало да ја купи второпријавениот.