-->
-->
Убиениот кај Мавровка е со иницијали В.Е., уапсени се две лица
-->

Според првични информации, застреланиот човек кај ТЦ Мавровка е со иницијали В.Е.
Тој, наводно, со членови на семејството бил да заврши приватни обврски во близина, пишува „360 степени“.
Во исчекување на официјалниот полициски извештај, очевидци велат дека напаѓачите пукале во жртвата, дека од неговиот автомобил одзеле предмети, меѓу кои и лаптоп-компјутер, а потоа побегнале.
Според информациите на „360 степени“, најверојатно станува збор за тројца напаѓачи. Двајца се веќе уапсени.
За мотивите се спомнува облик на изнуда, иако истрагата сè уште е во рана фаза.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Изборниот законик влезе во собраниска процедура, СДСМ подготвува 10.000 амандмани
-

Ресорите поделени, имињата ќе се објавуват утре по ИК на ВМРО-ДПМНЕ
-

Измените на изборниот законик пред пратениците
-

Муцунски - Будрис: Продлабочување на соработката и подршка за европска интеграција
-

30 дена притвор за осомничениот за убиството на жената од село Таор
-

Материјални докази на судењето за деветтемина полицајци за Пулс
-

Нови цени на горивата од полноќ
-

По викенд нападите, САД и Иран утре на преговори
