Македонија
21. February 2024 - 14:18

Убиство во Куманово: Двајца мртви и еден ранет

Најмалку три лица денеска се застрелани, а двајца од нив починале.

Од СВР Куманово и МВР потврдуваат дека има таков крвав настан и најавуваат повеќе информации.

Првично потврдуваат дека инцидентот се случил околу 12:25 во селото Габреш каде 66-годишен маж ја застрелал неговата сестра и двајцата нејзини синови односно негови внуци. 63-годишната жена и нејзиниот 38-годишен син починале на лице место. Третиот ранет е префрлен во кумановската болница. Напаѓачот е уапсен.

Првичните неофицијални информаци се дека мотивот за ваквиот чин од страна на напаѓачот е нерасчистен имотно-правен однос со жртвите.