Македонија
2. November 2024 - 16:38

Убиство во Штип

Во Штип синоќа се случи грозоморно убиство на 29 годишна жена. Убиството го извршил нејзиниот невенчан партнер со кого имала малолетно дете. Заедно со 25 годишниот Ф.З биле 8 години, а врската им била турбулентна. Неофицијално причина за убиството е љубомора и прекината врска. Во последно време жртвата живеела во семејната куќа на нејзините родители, во месноста Сујтла,. каде и се случил грозоморниот чин, по што убиецот сам се пријавил во полиција.

- Вчера околу 20.15 во ПС – Штип дошол Ф.З. од Штип и пријавил дека ја убил неговата партнерка Е.П. од Штип и посочил дека телото се наоѓа во објект во Штип. Од страна на полициски службеници телото е пронајдено и предадено на обдукција. Извршен е увид на местото на настанот од страна на дежурен јавен обвинител, изјави Гоце Андреевски, портпарол на МВР

Таткото на убиената Емилија со солзи во очите раскажува дека Ф.З. често пати физички ја малтретирал, секогаш кога излегувал од затвор.

- Не знам колку време бил во затвор, тој сега излегува пред една година. Тогаш ќе ја утепал, ама полицаец во цивил што го покрива реонот, го сретнал и ја одбранил, а тој избегал. Тој многу пати ја тепаше, ама многу пати. Ја тепаше, малтретираше, отидоа и на суд, не знам која година беше, таа му простила, абе Еме, што правиш бе дете, изјави таткото на Емилија

Од полицијата информираат дека на убиецот му е одредена мерка притвор од 30 дена, а по документирање на случајот ќе му биде поднесена и соодветна кривична пријава.