-->
-->
Убиство во Скопје: Почина 27-годишно момче
-->
27-годишен скопјанец починал откако претходно бил прободен со нож, потврдуваат од МВР за Плусинфо.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека немилиот настан бил пријавен во 22:40 часот, кога 27 годишниот скопјанец П.Ш. прво вербално се пресметувал со 30-годишниот Н.В. од Мирковци, кој потоа му нанел повреда која била фатална за него.
– Повредениот П.Ш бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде им подлегнал на повредите. Во 23.20 часот во с. Ново Село, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.В.(30) од с.Мирковци кој бил осомничен за сторенот дело, велат за Плусинфо од МВР.
Увид на местото на извршила екипа од СВР Скопје, а по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
-

Филипче бара оставки, водата за пиење не била исправна и во болницата во Лешок
-

Граѓаните пријавуваат штети по ураганот во Скопје: Зошто покривите летаа како пердуви?
